Во изминатите два дена на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце се случиле две сообраќајни незгоди, а во едната со телесни повреди се здобило петнаесетгодишно момче.
Според информациите од СВР Куманово на 17 декември околу 18 часот на улицата „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка патничко моторно возило „лада нива“ со кривопаланечки регистарски ознаки, движејќи се во правец од Центар за култура кон плоштадот, изгубило контрола и преминало на тротоарот, при што удрило во пешакот И.М., роден 2002 година, по што продолжило да се движи и удрило во канделабра.
Пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Здравствен дом Крива Паланка.
Вчера на магистралниот пат А2 Куманово-Крива Паланка, се судриле патничко моторно возило БМВ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.П, роден 1991 година од Крива Паланка и пмв Опел зафира, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц.(1975).
Незгодата се случила кај село Петралица, а до истата дошло кога ДП движејќи се по општински пат за да се приклучи на магистралата А2 преземал дејство свртување на десно без да се осигура за безбедноста на сообраќајот, а пак ГП кој управувал со зафирата престигнувајќи друго возило со предната лева страна удрил во БМВ-то.
Повредени лица нема, а причинета е голема материјална штета.
Извор: МИА
Loading...