За денес поројни дождови, од недела разведрување

Сподели со своите пријатели

Петок е ден кој ќе донесе поголема количина на врнежи. Утрото ќе биде облачно, но без врнежи. Врнежите ќе започмат рано попладне во западниот регион, за потоа да се прошират кон исток, пишува порталот за временска прогноза МетеоПро.

Во вечерните часови врнежите ќе се интензивираат, локално ќе бидат од пороен карактер и проследени со грмежи. Се очекува локално во рок од 24 часа да навренат и над 50 литри  воден талог на метар квадратен.

Ќе биде посвежо во однос на четврток,а максимална вредност на температурата ќе биде помеѓу 17°С и 9°С низ котлините во северниот и западниот регион, а долж југот на повардариото околу 23°С.