За да го избегне карантинот, кафеаната ја претворил во седиште на политичка партија

Сподели со своите пријатели

Пандемијата и мерките воведени за да се држи под контрола коронавирусот, наведоа многумина во Австрија да бараат решенија за да продолжат да работат, особено во гастрономијата, а во новото, четврто заклучување, познатиот угостител во Сент Полтен, Валентин Копач, бил многу снаодлив.

Loading...

Тој го претвори своето кафуле во Тенеси во седиште на партијата.

Три пати неделно го отворал кафулето и собирал повеќе од 100 членови.

Според важечката епидемиолошка регулатива, дозволени се собири на политички партии, но само доколку се донесат одлуки кои не можат да се носат дигитално.

„Нашите седници се легални“, повика Копач за законот.

Тој вели дека неговите повеќе од 100 членови се луѓе кои немаат „стабилен пристап до интернет“.

Дополнително, нагласува, им претстоеле важни одлуки.

 

Loading...

 

„Скоро гласавме кое средство за чистење да го користиме во седиштето на партијата. Следната недела ќе разговараме кои јадења ќе ги воведеме во програмата на кантината“ – објасни Копач.

Со основањето на партијата „Заедница на независни луѓе“, Копач ја воспоставил ситуацијата во својот локал како пред пандемијата, а тоа е дека присутните не носат маски, не држат дистанца, не поминуваат контроли и можат да пијат.

Австриската полиција нема многу разбирање кон Копач, па сѐ ставила под контрола на првиот ден од отворањето на „партискиот штаб“, а пред една недела, околу 1 час по полноќ, ја испразниле кафеаната.

Но, Копач не се откажува и посочува дека полицискиот упад е напад врз демократска институција, што е јасно кршење на Уставот.

Тој најави дека ќе поднесе пријава и ќе побара такво нешто да не се повтори.

Копач најавува и дека неговата партија ќе продолжи да одржува седници.

Loading...

Тој исто така рече дека може да замисли да оди на следните избори со неговата партија во Сент Пелтен, или во покраината Долна Австрија, но дека одлуката зависи од бројот на членови.