Вкупно 86 казни напишала полицијат на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на изминатиот викенд.
– Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Куманово полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 86 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму потенцираат, дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Никола Ивановски

