За 98-ми роденден на својата болна баба и испеа серенада, па се расплакаа заедно (видео)

Сподели со своите пријатели

Еш Руиз од Флорида на својата баба и отпеал серенада за нејзиниот 98ми роденден. Во прашање е песна со која овој млад човек расплака многумина.

Секоја година и ја пеел песната „Незаборавно“, но преку телефон.

Се сеќавам дека баба Џен секогаш ја пееше. Гласот и беше исполнет, богат и прекрасен. Кога имав осум години, баба ми ме научи на песната „Незаборавно“, затоа што и беше омилена, а тогаш стана традиција таа песна да и ја пеам за роденден. Баба ми остана без глас во доцните осумдесети и повеќе не можеше да пее. Животот не раздели и живеевме во различни делови на Америка, па и пеев преку „Скајп“ или телефон. Но, оваа година беше поинаку. Баба ми славеше 98 годии и направив се за да ја изненадан. Кога повторно ја погледнав снимката, не знаев како успеав да отпеам. Моментот беше преполн со емоции. на крајот се изгубив. Не можев да издржам кога ги видов солзите на баба ми – вели внукот, а пишува „Дејли мејл“.

Еш се надева дека со видеото ќе им покаже на луѓето дека треба да се дружат со своите сакани, особено кога години се „близу до првиот и последниот здив“.

https://youtu.be/iCw65JbQndg

Loading...