Skip to content

За 78 социјално ранливи лица Општина Куманово ќе исплаќа по 1.200 денари за комунални давачки

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и осум лица од Куманово, самохрани родители, семејства во кои едниот родител е починат, каде татковството не е признаено, а кои имаат деца, вклучително и ученици и студенти ќе добиваат по 1.200 денари субвенции за комунални давачки.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски им врачи решенија на овие лица за користење на субвенцијата која изнесува 900 денари за вода и 300 денари за ѓубрарина на месечно ниво. Од општинскиот буџет до крајот на годината за оваа намена ќе бидат одвоени 374.000 денари.

– Средствата и претходно беа доделувани на социјално ранливи категории граѓани, односно на стечајците кои сега добиваат месечен надоместок од државата. Како ќе се намалува нивната бројка, така ќе расте и бројката на корисници на оваа категорија граѓани кои ќе добиваат ваква субвенција – изјави Димитриевски.

Претходно општина објави повик на кој се пријавиле 126 кумановци. Согласно финансиските средства на општината не се опфатени родителите кои се разведени, а кои добиваат алиментација.

Leave a Reply

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.