За 27 години работа, добил награда што го шокираше светот: Нема ништо полошо од ова

Сподели со своите пријатели

Кевин Форд последните 27 години од својот живот ги помина работејќи во Бургер Кинг, познат американски синџир за брза храна.

Loading...

Бидејќи не пропуштил работа повеќе од дваесет години, неговиот работодавец решил да му подари мало задоволство по тој повод.

Во знак на благодарност добил карта за кино, кутија бонбони, две пенкала, чаша со сламка и уште неколку сосема безвредни ситници.

 

 

Потребно е да се нагласи дека добил само еден билет за кино.

Видеото од таа донација налути многумина на социјалните мрежи, а неговата приказна ја пренесоа многу светски медиуми, па во меѓувреме се дозна дека Кевин некако успеал да ги испрати своите четири ќерки на училиште.

Loading...

Во оваа прилика, една од нив, Серина, прашала непознати лица дали можат да му го разубават денот на нејзиниот татко и да му овозможат малку да отпатува и да ги види своите внуци, а многумина одговориле со великодушни гестови.

За Кевин на страната GoFundMe досега се уплатени околу 170 илјади долари.