YouTube корисниците наскоро би можело да ги очекуваат уште повеќе реклами, со оглед дека е планирано наместо една во низа да се прикажуваат две реклами, а пред, или на средината на содржината која се гледа.
Така оваа платформа се повеќе ќе се доближи до форма која наликува на онлајн ТВ, како по прашање на содржините, така и по маркетингот.
Имено, видео сервисот кој е во сопственост на Google развил т.н. „ad pods“, кој овозможува прикажување по две реклами пораки одеднаш.
Од компанијата велат дека новиот сервис би требало да обезбеди начин на рекламирање кој би им одговарал на сите, а како ѓшто тврдат, новиот систем би требало да биде помалку досаден за гледачите, но така сепак да обезбеди доволно пари од рекламирањето.
Loading...
Се очекува дека YouTube наскоро би можел да започне со прикажување на поголем број реклами, но со помал број прекини, па на пример, четири реклами би биле прикажувани за два прекини, што е подобрување во однос на прикажувањето на поединечни реклами кои подразбираат и поголем број прекинувања.
Останува да се види колку новата стратегија ќе биде успешно, со оглед дека YouTube работи со публиката која е прилично осетлива на маркетинг содржини, како и должината на рекламите, а оние кои рекламите воопшто не ги сакаат можат за 10 долари месечно да добијат сервис кој е целосно ослободен од вакви содржини.