Xiaomi Mi 11 се очекува на 29 декември

Сподели со своите пријатели

Претстојниот премиум телефон Xiaomi Mi 11 беше предмет на многу протечени информации и шпекулации во претходниот период, а сега можеби добивме и специфичен датум за објавување на телефонот.

Loading...

Прво се веруваше дека телефонот ќе излезе во јануари, а потоа во декември – сега има конкретен датум, а тоа е 29 декември.

Овој датум на издавање ќе му даде право на Xiaomi да се пофали дека Mi 11 е првиот телефон претставен со чипсет Snapdragon 888.

Останува да се види дали телефонот ќе биде објавен на глобално ниво на 29 декември или само за кинескиот пазар.

Xiaomi Mi 11 се очекува да има QHD + 120Hz дисплеј, додека од задната страна се очекува главна камера од 50MP и телефото сензор од 12MP.

Другите протечени информации сугерираат дека Mi 11 ќе има батерија од 5000mAh со поддршка за брзо полнење со 55W, освежен дизајн на задниот дел, како и потенки рамки околу дисплејот од предната страна.

Leave a Reply