Xiaomi ќе започне да произведува електрични автомобили

Сподели со своите пријатели

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi планира да започне со масовно производство на сопствени електрични автомобили во првата половина на 2024 година, изјави извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун, пренесува CNBC.

Loading...

Во март, Xiaomi го објави својот влез во индустријата за електрични автомобили и објави дека планира да инвестира 10 милијарди долари во бизнисот во текот на следните 10 години.

Минатиот месец, Xiaomi официјално ја регистрираше својата компанија за електрични возила Xiaomi EV.

Xiaomi EV сега има 300 вработени, објави компанијата во септември.

Кинескиот пазар на електрични возила станува се погуст со влегувањето на нови играчи.

Компанијата за вештачка интелигенција и интернет услуги Баиду во јануари формираше независна компанија за електрични автомобили, а кога Xiaomi официјално ќе го лансира електричниот автомобил, ќе се соочи и со кинеските ривали како Nio и Xpeng, како и со поголемите производители на автомобили како Tesla.

Кинескиот пазар на електрични возила ужива владини субвенции во последниве години, што помогна индустријата да расте. Иако дел од таа поддршка е намалена, пазарот продолжува да расте.

Фирмата за истражување на пазарот „Каналис“ предвидува дека во Кина ќе се продадат 1,9 милиони електрични возила во 2021 година, што претставува зголемување од 51 отсто во однос на минатата година.

Loading...