X на Илон Маск ќе започне да ги собира вашите биометриски податоци

Сподели со своите пријатели

X, социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск, порано позната како Twitter, го прошири опсегот на податоци што ги собира од своите корисници за да вклучи биометрика, ниво на образование и работно искуство.

Loading...

„Можеме да ги користиме информациите што ги собираме за да ги обучиме нашите модели за вештачка интелигенција за целите наведени во оваа политика“, додаде компанијата во својата онлајн политика за приватност.

Видот на информациите што ќе се собираат и како може да се користат го привлекоа вниманието на технолошката заедница.

Засега останува нејасно за кои точни цели ќе се користат биометриските податоци.

X не дефинираше никаков вид биометриски податоци.

Според тамошните закони, американското Министерство за домашна безбедност ја дефинира биометриката како „уникатни физички карактеристики, како што се отпечатоци од прсти, кои можат да се користат за автоматска идентификација“.

Икс на крајот на септември има намера да евидентира и податоци за степенот на образование на своите корисници и нивното работно искуство.

Овие податоци ќе се користат за предлагање работни места.

Loading...