„WSJ“: Кинеска шпионска база ќе се гради во Куба; Пентагон негира

Сподели со своите пријатели

Кина и Куба постигнаа таен договор за инсталирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на островот, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на доверливи разузнавачки информации.

Loading...

Според американскиот весник, објектот за прислушување ќе се наоѓа на околу 160 километри од Флорида и ќе им овозможи на кинеските разузнавачки служби да пресретнуваат електронски комуникации низ југоисточниот дел на САД, каде што се наоѓаат голем број воени бази.

Кина наводно се согласила да ѝ плати на Куба неколку милијарди долари за да започне изградбата.

Пентагон ги негира овие наводи

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско слушање на територијата на Куба, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пет Рајдер, додавајќи дека пишувањето на Волстрит журнал е неточно.

– Можам да ви кажам, врз основа на информациите што ги имаме, дека тоа не е точно, дека немаме информации дека Кина и Куба развиваат нов тип на шпионска станица – изјави Кирби на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

„Волстрит џурнал“ претходно објави дека Кина и Куба постигнале таен договор за формирање кинеска станица за електронско прислушување за шпионирање на островот.

Се наведува дека тоа ќе им овозможи на кинеските разузнавачки служби да пресретнуваат електронски комуникации низ југоисточниот дел на САД, каде што се наоѓаат голем број воени бази.

Кина во моментов има само една воена база надвор од својата територија, која се наоѓа во Џибути, пишува американскиот весник.

Loading...