Неодамна беше објавено дека Windows 10 ќе добие кориснички интерфејс, со кодно име „Sun Valley“.
Еден корисник на Reddit објави интересно видео, предвидувајќи како може тоа да изгледа.
„Sun Valley“ треба да го види светлото на денот во втората половина на следната година, а најавено е дека работите како Акционен центар, менито „Старт“ и „File Explorer“ ќе се променат.
Затоа TheHacker34 (познат и како Kevin0304) објави видео на социјалната мрежа Reddit, кое трае нешто помалку од минута и пол, и ги визуелизира најавените подобрувања и промени.
Вклучени се дури и ажурирани концепти за Live Tiles.
Важно е да се напомене дека, и покрај фино составеното видео, тоа е само концепт – ова не треба да се сфаќа како официјално соопштение или приказ.
Како и да е, новиот дизајн и промените прикажани на видеото може да бидат прилично близу до тоа како ќе изгледа ажурираниот Windows 10 кога ќе пристигне се што е најавено.