Напаѓачот на Вулверхемптон, Адам Траоре е близу до продолжување на договорот со клубот, пренесува „The Sun“.
Loading...
Според изворот, „волците“ се подготвени на 24-годишниот Шпанец да му понудат 4-годишен договор со плата од 110 илјади евра неделно. Претходно, медиумите објавија за интересот на играчот пројавен од страна на Ливерпул и Барселона.
Во сезоната 2020/21, Траоре одигра пет натпревари за Вулверхемптон.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.
Зоран Стерјовски