Вулкан кој е чудо на природата: Истражувачите сега ќе дупчат 2км низ него (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вулканот Крафла со своето големо тиркизно кратерско езеро, облаци од чад и базени со сулфурна кал е едно од најимпресивните природни чуда на Исланд.

Loading...

Овде, во североисточен Исланд, група меѓународни истражувачи се подготвуваат да дупчат два километри во срцето на вулканот. Целта на овој проект „Гилверн“ е да се изгради првата подземна опсерваторија на магма во светот.

Проектот вреден 100 милиони долари беше лансиран во 2014 година, а првото дупчење треба да започне во 2024 година.

Во него учествуваат научници и инженери од 38 истражувачки институти и компании од 11 земји, вклучувајќи ги САД, Обединетото Кралство и Франција.

Нивната намера е да дупчат дупка до магматската комора во вулканот.

 

 

Loading...

Првата опсерваторија на магма во светот

За разлика од лавата што избива на површината, магмата, стопениот карпест материјал под површината на Земјата, сè уште е мистерија за научниците.

Опсерваторијата Крафла ќе биде прва од ваков вид во светот, изјави Паоло Папале, вулканолог од италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија INGV.

„Никогаш не ја проучувавме подземната магма, освен кога наидовме на неа за време на дупчењето“, во вулканите на Хаваи, Кенија и самата Крафла во 2009 година, додаде Папале.

Научниците се надеваат дека проектот ќе направи голем напредок во користењето на геотермалната енергија и ќе го продлабочи знаењето за предвидување на вулкански ерупции и ризици.

Клучно е да се знае каде е магмата за да биде подготвена за ерупција, рече Папале. „Без него, ние сме речиси слепи“, додаде тој.

 

Loading...

 

„Не е толку длабоко“

Како и многу научни достигнувања, опсерваторијата на магмата е резултат на неочекувано откритие.

Кога инженерите работеле на проширување на геотермалната централа Крафла во 2009 година, огромна дупчалка случајно пробила магматичен џеб на длабочина од 2,1 километар.

Од дупката се кревал чад, а течела малку лава што ја оштетила опремата за дупчење. Сепак, немало ерупции или повредени.

Вулканолозите тогаш сфатиле дека се блиску до магматската комора, за која проценуваат дека содржи околу 500 милиони кубни метри магма.

Научниците останале запрепастени кога ја пронашле магмата на толку мала длабочина. Тие очекувале дека ќе треба да дупчат најмалку до длабочина од 4,5 километри пред да стигнат до неа.

Последователните студии покажале дека откриената магма има слични својства како во ерупцијата Крафле во 1724 година, што значи дека е стара најмалку 300 години.

Loading...

„Ова откритие потенцијално би можело да значи огромно подобрување во способноста да се разберат многу различни нешта – од потеклото на континентите до динамиката на вулканите и геотермалните системи“, вели Папале со ентузијазам.

 

 

Енергија до 10 пати помоќна од онаа во конвенционалните бунари

Случајното откритие на магмата беше корисно и за Landsvirkjun, исландска енергетска компанија која управува со тамошната електрана.

Loading...

Кога е толку блиску до течна магма, карпата достигнува толку екстремни температури што течностите стануваат „суперкритични“, односно се во збирна состојба помеѓу течна и гасовита.

Енергијата произведена таму е пет до 10 пати помоќна од онаа што се произведува во конвенционалните бунари за геотермални централи.

Температурата на пареата што изби на површината за време на инцидентот во 2009 година беше 450 степени Целзиусови, што е највисока регистрирана температура на вулканска пареа.

Два такви „суперкритични“ бунари би биле доволни за производство на 60 мегавати електрична енергија, колку што на постоечка геотермална централа и се потребни 18 бунари.

 

Loading...

 

„Тоа е како да прободиш слон со игла“

Затоа Ландсвиркун се надева дека овој меѓународен проект ќе доведе „до нови технологии за да можеме да дупчиме подлабоко и да користиме енергија што досега не беше возможна“, рече Вордис Еириксдотир, раководител на геотермалните операции и одделот за управување со ресурси на компанијата.

Дупчењето во таква екстремна средина е технички напорно. Опремата мора да биде отпорна на корозија создадена од екстремно топла пареа.

Loading...

Можноста дека овој потфат може да предизвика вулканска ерупција секако треба да загрижува, вели Џон Ајхелбергер, геофизичар од Универзитетот во Алјаска и еден од иницијаторите на проектот Крафла. „Но, тоа е како да прободете слон со игла“, додаде тој.

„Магма е откриена во десетина бунари на три различни места во светот и ништо лошо не се случило“, рече Ајхелбергер.