Во Вухан, каде избувна епидемијата на коронавирусот во декември, жителите полека излегуваат надвор од своите домови, желни лично да купат свежа храна по месец дена живеење во изолација што значеше испорака на стока.
Многу населби во градот сè уште се одвоени со двометарски високи пластични sидови што беа подигнати на почетокот на кризата со цел социјална дистанца и изолација на заедницата.
Поради оваа причина, граѓаните на Вухан беа целосно зависни од достава преку интернет.
Научниците пресметаа кога ќе престане ширењето на коронавирусот во Италија
Во една населба, станарите и трговците сега тргуваат преку бариери.
Клиентите се качуваа на столчиња за да ја видат стоката изложена преку оградата, прашувајќи ги трговците гласно за цените, а потоа со апликациите на своите мобилни телефони плаќале за стоката.
„Побезбедно е да се продаваат над овие барикади“, вели сопственикот на фарма за свињи.
Денес беа отворени и некои супермаркети, а пред едниот имаше долга редица клиенти на растојание од 1,5 метри, што се протегаше околу блоковите.
Филм за борбата против коронавирусот со милиони прегледи, а еве зошто треба да го погледнете
Сите граѓани сè уште носат маски и се чини дека се среќни што го завршија своето купување преку интернет и испорака на намирници, пренесува Ројтерс.
Еден од клиентите во редот е Донг и вели дека таквата храна не била свежа или вкусна.
„Ако одиме во продавница сами, ќе имаме поголем избор“, рече тој.
Блокадата поради коронавирусот го исчисти воздухот во Европа
Вухан се подготвува да стави крај на изолацијата на 8 април, кога на луѓето ќе им биде дозволено да го напуштат градот за прв пат од 23 јануари.