Вучиќ пристигна во Кина, планирани средби со Путин и Си

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Пекинг, започнувајќи повеќедневна посета на Кина, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, објави утрово Српската радиотелевизија (РТС).

Loading...

За време на посетата на Пекинг, Вучиќ ќе се сретне со Си и претседателот на Русија, Владимир Путин, како и со други високи функционери и претставници на големи компании, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Република Србија.

Утре, 3 септември, Вучиќ ќе присуствува на голема воена парада по повод Денот на победата, а на парадата се поканети лидерите на 26 земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Секој разумен може да види дека Русија никогаш не сакала и не сака да нападне никого

Вучиќ се сретна со претседателот на Кина за време на неговата посета на Пекинг во октомври 2023 година, кога беа потпишани 18 договори, вклучувајќи го и Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина.