На 24.06.2025година (од полноќ до раните утрински часови во понеделник спрема вторник) на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе втор третман на терестичка дезинсекција (третирање на возрасна форма на комарци).
Операцијата ќе опфати низа локации низ градот, меѓу кои централното градско подрачје, кејот на реката Кумановка, населбите Диво насеље, Зелен рид и Перо Чичо, како и село Романовце и м.в. Бејтови ниви.
Посебен акцент ќе биде ставен на подрачјето околу Општата болница, училиштето „Толи Зордумис“ и градските гробишта.
Како што информира Општина Куманово, при третманот ќе се користи препаратот AQUA KOTHRINE, чија активна супстанца е Deltamethrine, кој се применува за контрола на возрасни форми на инсекти.
„Ги замолуваме граѓаните да покажат разбирање и да избегнуваат непотребно движење во раните утрински часови во зоните каде ќе се врши прскање“, додаваат од општината.
Од Општина Куманово нагласуваат дека доколку временските услови бидат неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот следен ден со соодветни услови.
Никола Ивановски