Второ место за кошаркарите на Пинк Пантери на меѓународен турнир во Сараево (фото)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово изминатиот викенд учествуваше на престижниот десети по ред меѓународен кошаркарски турнир во Сараево Босна и Херцеговина.

 

Loading...

 

Турнирот се организира во чест на градот Сараево, а на него учествуваа 20 реномирани екипи во јуниорска, кадетска, пионирска и мини баскет конкуренција. Оваа година на турнирот уцествуваа екипи од рангот на Баерн Минхен, Будуќност Подгорица, Мега Лекс, Босна и др. Кумановските Пинк Пантери го освоија второто место во пионерска конкуренција на кошаркари родени 2003-2004 годиште. Остварени беа две победи против КК Кварнер Риека и домаќинот КК Кош,а беа поразени само од КК Спарс.

Со организаторот на турнирот кошаркарскиот клуб Кош од Сараево и нивниот директор Сејо Буква познат поранесен кошаркар, Пинк Пантери имаат одлична соработка. КК Кош од Сараево во месец октомври минатата година беше учесник на традиционалниот меѓународен кошаркарски турнир „Растеме Заедно“ во Куманово во организација на кошркарскиот клуб Пинк Пантери. Нивната соработка ке продолзи и во иднина.

 

Пинк Пантери не застануваат со одигруванје на медѓународни натпревари. Тие наредниот викен 22 и 23 април патуваат во Букурешт Романија каде ке учествуваат на меѓународен турнир во организација на кошаркарскиот клуб Динамо Букурешт.