Вторник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2015 година (вторник), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Loading...

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот “Св. Климент Охридски”.