Кошаркарите на Куманово запишаа втора победа во домашниот шампионат, откако на домашен терен вечерва славеа над МЗТ 2 со резултат 77:73.
Одличен старт имаше екипата на тренерот Владимир Мирковски, која уште во текот на првата четвртина направи водство со резултат 19:16.
Пет поени повеќе во вторите десет минути на паркетот на кумановци им донесоа вкупна предност од осум поени, односно резултат 44:36.
По кратката пауза, се почувствува мал пад во концентрацијата на играта кај Куманово, што вториот состав на МЗТ го искористи за да впише три поени повеќе во третата четвртина.
Во неизвесен финиш, Куманово конечно го надигра противникот со 77:73 и ја впиша својата втора победа во домашниот шампионат.
Со по 16 поени најдобри во составот на Куманово беа Александар Андрејевиќ и Јован Црниќ, додека трицифрени поени впиша и Филип Стојановски.
Во составот на МЗТ 2, со 21 поен најефикасен беше Исабел, 14 впиша Лука Тодоровски, а поен помалку има и Максим Митевски.