Кошаркарите на Куманово ја впишаа втората победа во домашната лига, откако на гостински терен викендов го совладаа составот на Академија ФМП со резултат 80:93.
Избраниците на тренерот Александар Петровиќ својата доминација ја покажаа уште во првата четвртина од играта кога со 17:26 направија одлично водство.
Домаќинот кратко успеа да се врати во игра, кога во вториот дел од средбата направи резултат 25:13, за да на полувреме се замине со 42:39 водство за ФМП.
Сепак кумановци прикажаа извонредна игра која го одбележа целото второ полувреме па лесно постигна нова победа и нови бодови во табелата.
Најмногу поени за Куманово постигна Давид Миладиновиќ, вкупно 22, додека еден помалку впиша Марјан Јанески.
Кај домаќините со 29 поени брилираше Харис, а со 14 мечот го заврши Начевски.
Куманово и натаму е во првиот дел од табелата, со две победи, но за следен противник на домашен терен го има составот на Работнички.