ВСЕЛЕНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Одгледани првите чили пиперчиња во вселената

Сподели со своите пријатели

За прв пат, астронаутите на Меѓународната вселенска станица (MSS) можеа да одгледуваат чили пиперки, кои еден од астронаутите на НАСА ги користеше за такоси.

Loading...

Како дел од истражувањето спроведено на Меѓународната вселенска станица (MSS), астронаутите на НАСА минатиот викенд беа почестени со такоси со прелив од зелени чили пиперки што ги одгледаа токму на станицата, пишува Business Insider.

Четириесет и осум семки од зелена чили пиперка беа доставени до Меѓународната вселенска станица во јуни како дел од експериментот наречен Plant Habitat-04, а неговата цел е да открие каква храна може да се одгледува во вселената.

Тие потоа се сместени во напредно живеалиште на растенија со големина на микробранова печка.

 

 

Експериментот треба да придонесе за идентификација на потенцијалните извори на храна, што ќе биде од голема корист кога ќе започне воспоставувањето на постојани бази на Месечината и Марс.

Loading...

НАСА истакнува дека лутите пиперки се дел од поголем план чија крајна цел е да се зголеми бројот на храна што астронаутите ќе можат да ја одгледуваат во вселената за време на претстојните мисии.

Одгледувањето на овој вид зеленчук може да им помогне на научниците да научат за интеракциите на растенијата и микробите во вселената.

За разлика од некои други култури кои досега ги одгледувале астронаутите, како што се ротквиците и зелената салата, на чили пиперките им е потребно повеќе време да никнат и конечно да созреат, соопшти НАСА.

 

 

По четири месеци, астронаутите конечно уживаа во плодовите на својот труд, но претходно собраа податоци за одгледуваните плодови, а такосите ги правеле и од говедско месо, домати, артичок и лути пиперки, изјави астронаутот Меган Мекартур, додавајќи дека таа и колегите по пробување на храната морале да да пополнат листа за квалитет на храната.

НАСА верува дека одгледувањето храна во вселената има логистички предности во однос на опремувањето на МСС со пакувана храна што пристигнува од Земјата и дека одгледувањето „вселенски култури“ може да има голем број психолошки придобивки за екипажот.

Loading...

Имено, пакуваната храна со текот на времето го губи својот квалитет, нивната хранливост се намалува, како и состојките како што се витамините Ц и К, а лутите пиперки содржат неколку есенцијални состојки, богати се со витамин Ц, па можат да придонесат за поразновидна исхрана за екипите ISS.