Широкопојасниот интернет-сателитски сервис Starlink, кој треба да донесе интернет сигнал до најоддалечените делови на светот, освен на половите, ќе биде достапен веќе во август оваа година.
Компанијата SpaceX, на Илон Маск, досега лансираше повеќе од 1.700 сателити на системите Starlink, кои самиот Маск ги опиша на Светскиот мобилен конгрес во Барселона како „нешто помеѓу 5G мрежа и широкопојасен интернет“.
Главната карактеристика на Starlink е фактот дека неговите сателити се наоѓаат на помала надморска височина од класичните телекомуникациски сателити, што им овозможува побрз пренос на податоци и помала латентност, што во иднина треба да биде помалку од 20 милисекунди.
Овој сателитски интернет во моментов има пропусен опсег од околу 30 терабајти во секунда.
Во САД веќе има околу 70.000 активни корисници, кои плаќаат околу 500 долари за да ја користат услугата.
Starlink simultaneously active users just exceeded the strategically important threshold of 69,420 last night!
— Elon Musk (@elonmusk) June 25, 2021
Амбиција на Маск е Starlink да добие најмалку половина милион корисници во следната година.
Кога станува збор за цената на услугата во другите делови на светот, таа барем првично ќе биде слична на онаа во Америка.
Целта на Starlink е да ја намали на 250 долари во наредните години, за да може услугата да биде што подостапна за корисниците ширум светот.
Starlink исто така се очекува да привлече комерцијални корисници, како што се телеком оператори кои имаат проблем да ги покриваат ретко населените области со сигналот.
Илон Маск се надева дека вкупниот број на сателити „Старлинк“ ќе достигне 12.000 до 2026 година и вели дека износот на пари што ќе се инвестираат во целиот проект ќе биде помеѓу 5 и 10 милијарди долари, пред проектот да стане профитабилен.