Вселенска ракета во Калифорнија експлодираше по самото лансирање (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првиот обид на приватната компанија Firefly Aerospace да лансира ракета во орбитата заврши со експлозија.

Loading...

Имено, ракета наречена Алфа експлодирала неколку минути по лансирањето.

– Алфа забележа аномалија за време на првата фаза од лансирањето, што резултираше со губење на ракетата, објави компанијата на Твитер.

На снимката се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.

Претходниот обид за лансирање беше прекинат само неколку секунди пред лансирањето поради необјаснети технички причини, пренесува Скај њуз и Индекс.

Пред да експлодира, на ракетата и требаше двојно повеќе време за да достигне брзина на звукот од очекуваното.

Алфа требаше да достигне брзина на звукот 67 секунди по лансирањето, но достигна за 140 секунди, а 10 секунди подоцна експлодираше.

 

Loading...