Врнежлив старт на викендот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд. Утринската температура изнесуваше околу нула степени, а максималната дневна се очекува да досгигне до 9от степен.

Никола Ивановски

Leave a Reply