Врховниот суд на Шпанија одреди кауција за каталонската политичарка Ровира

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Шпанија по сослушувањето на претставничката на просепаратистичката Републиканска левица на Каталонија, Марта Ровира и одреди кауција во висина од 60.000 евра.

Истражен судија денеска ја сослуша и лидерката на конзервативната Каталонска европска демократска партија, Марта Паскал.

Властите во Мадрид ги идентификуваа Ровира и Паскал како клучни актерки во распишувањето на забранетиот референдум за независноста на Каталонија и за донесувањето на декларација за отцепување од Шпанија врз основа на резултатите од референдумот.

Повеќе од 20 каталонски политичари, пратеници и шефот на регионалната полиција се под истрага поради бунт и проневера на државни фондови. Четворица се осомничени, меѓу кои и потпретседателот на каталонската Влада, Ориол Жункарес, се во притвор во Мадрид, додека поранешниот претседател на каталонтската влада Карлес Пучдемон е во егзил во Белгија.

На 1 октомври 2017 година во Каталонија се одржа референдум за независност и покрај спротиставувањето од централната власт во Мадрид, а потоа каталонскиот Парламент на 27 октомври прогласи независност. Владата на Шпанија на тоа одговори со суспендирање на автономијата на Каталонија, ја смени нејзината влада, го распушти парламентот и воведе директна управа на Мадрид во регионот./МИА

Leave a Reply