Времето сончево и топло, температурите над 20 степени

Сподели со своите пријатели

Во поголемиот дел на земјава утрово е сончево. Вдолж Повардарието и во Струмичко има појава на значителна облачност или магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Loading...

Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и потопло време. Ќе дува сосема слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени во утринските часови, до максимални 21 степени целзиусови во текот на пладневните часови.

 

Loading...

 

Сончевото и топло време ќе се задржи до крајот на оваа работна недела.

 

Никола Ивановски