Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно и релативно топло време со слаб јужен ветер, по одделни котлини имаше појава на слаба магла.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а околу пладне и попладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат во западните делови на земјава. Каде се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен воден талог. На повисоките планини во северозападниот дел ќе има врнежи од снег. Ќе има услови и за и изолирана појава на грмежи.
Ќе дува умерен а во западните делови на земјава и силен југоисточен ветер, со брзина и над 60 км/час. Во вечерните и во ноќните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, но брината ќе се намали. Со тоа ќе придонесе пад на дневната температурата за неколку степени.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен источен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 16 степен.
В четврток врнежите ќе престанат, температурата на воздухот ќе опадне за 2 до 5 степени. Од петок попладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен и температурата на воздухот повторно ќе се покачува. До почетокот на наредната недела ќе преовладува стабилно суво и релативно топло време.