Времето денеска претежно облачно, по котлините магловито

Сподели со своите пријатели

Претежно облачно време со магла низ котлините е временската состојба за денеска. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до
умерен југоисточен ветер, што ќе ги намали условите за магла односно ќе ја зголеми видливоста. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег. По котлините со појава на магла, особено претпладне.

И од петок ќе преовладува претежно облачно време, но условите за магла ќе се намалат. Ќе има локални, главно слаби врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од сабота врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места, претежно на западот од земјава. Повеќе врнежи се очекуваат од почетокот на наредната работна седмица.