Попладне ќе има појава на умерен дожд во западниот дел од земјата. Истиот приквечер ќе се преместува кон исток, додека истовремено на запад врнежите постепено ќе слабеат и престануваат.
Ќе дува умерен ветер од југозапад во западниот регион, а долж повардарието и на исток умерен југоисток.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 13 до 17 степени целзиусови.
Во околината на Куманово денеска ќе имаме услови за врнежи од дожд и во текот на денот и во текот на вечерните часови. ќе дува умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе го достигне 13-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се намали за 10 и ќе изнесува само 3 степени целзиусови.
Слично време се најавува и за утре со благ пад на температурата условен од денешните врнежи и ветерот.