Времето денес сончево и потопло

Сподели со своите пријатели

Сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец е временската најава за денешниот ден од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -2 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се движат од 19 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со сосема слаби налети на ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 20 степени целзиусови.

Во сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Од недела под влијание на влажен воздушен бран ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и пад на дневните температури од понеделник. Повеќе врнежи се очекуваат во недела кон понеделник, кога на места ќе бидат проследени со грмежи.