Временска прогноза за Куманово: Неделава пролетни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне по одделни котлини ќе биде со појава на магла.

Loading...

Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Loading...

Ќе дува слаб до засилен ветер од југ, односно југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 8 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно и суво време. Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец, кој на моменти ќе достигнува и брзина над 50 километри на час.

Температурата ќе се движи во интервал од 9 степени во утринските часови до максимални 12 во текот на денот.

Сончево и невообичаено топло време нѐ очекува во среда. Ќе имаме умерен до засилен ветер од јужен правец со налети до скоро 60 километри на час.

Во утринските часови температурата ќе се движи околу осум степени, додека дневниот максимум ќе биде натпросечен и ќе достигне 15 степени целзиусови.

Loading...

Четврток носи сончево време со мала облачност и висока температура за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ, односно југоисток.

Утринската температура ќе се движи околу шест степени, а максималната се очекува да достигне до 14 степени целзиусови. Ноќта кон петок се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Облачно време и благ пад на температурите ќе имаме в петок. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а дневниот максимум ќе достигне до девет степени целзиусови.

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне до шестиот степен.

Недела носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од еден степен во негатива, до максимални 6 во текот на денот.

 

 

Пад на температурите и услови за снег се очекуваат следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски