„Време е да се заврши!“ Трамп сака што поскоро да се сретне со Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше за мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Loading...

„Време е едноставно да се стави крај на ова. Ќе го завршиме ова“, рече Трамп.

Тој додаде дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом средбата биде успешно договорена.

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека претседателот на САД е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите сакаат со дронови да го отсечат важниот град од кој беа протерани од Украинците во 2022 година

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не бев таму“

Трамп денес повтори дека не е изненаден што рускиот претседател Владимир Путин не дошол на состанокот што Соединетите Американски Држави се обидоа да го организираат во Турција меѓу украинската и руската делегација.

„Путин не сакаше да дојде затоа што јас не сум таму“, рече Трамп, кој вчера изјави дека значителен напредок во разговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Да потсетиме дека претседателот на САД е на последниот ден од посетата на Блискиот Исток, а денес зборуваше на настанот на Советот за деловна соработка во Обединетите Арапски Емирати.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ќе профитира од спорот меѓу САД и Индија