Вреќа со 2 милиони долари пронајдоа спасувачите во потрага по преживеани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од урнатините во Турција се извлечени два милиони долари.

Loading...

Торба полна со пари е пронајдена од урнатините на зграда во Газиантеп. Парите што ги пронашле спасувачките екипи се преброени и предадени на полицијата, пишува БНН.

Според соопштението на надлежните, накитот и парите ќе бидат префрлени во државната каса, доколку не се најдат сопствениците.

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.

Многу странски спасувачки тимови ја напуштија областа погодена од земјотресот, а турските тимови сè уште ги пребаруваа срамнетите згради во саботата со надеж дека ќе најдат повеќе преживеани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција ќе купи 40 борбени авиони од Велика Британија

Хуманитарните организации велат дека на преживеаните ќе им биде потребна повеќемесечна помош бидејќи многу клучна инфраструктура е уништена.

 

Loading...