Вредноста на „Х“ падна за неверојатни 57 проценти за една година

Сподели со своите пријатели

Вредноста на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) падна од 44 милијарди долари на само 19 милијарди долари во рок од една година.

Loading...

Според некои странски медиуми, бројот на активни корисници месечно се намалува за 15 отсто, а приходите од реклами се намалени за дури 60 отсто.

Првиот човек од „Х“, Илон Маск, често повторуваше дека со купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, преплатил за оваа социјална мрежа.

Сепак, и покрај големиот пад на вредноста, Маск е оптимист за „Х“ и најавува планови за нови апликации кои ќе бидат корисни за корисниците, особено во делот на „доживотно финансиски“ совети.