Веројатно никогаш не ви паднало на памет, но причината за отворање на вратата со десната рака е доста сериозна …
Речиси и да нема возач во светот кој не ја отвора вратата со левата рака при излегување од својот автомобил. Иако изгледа сосема логично, тоа не е добра идеја, па дури може да биде и опасно по живот. Веројатно никогаш не ви паднало на памет, но причината за отворање на вратата со десната рака е доста сериозна.
Кога го паркирате автомобилот на страната на патот, свртете се и отворете ја вратата со десната рака, бидејќи ако го направите тоа, ќе ја свртите главата наназад и ќе можете навреме да видите дали велосипедист или мотоциклист поминува покрај вас. И во случај да дојде друг автомобил, може да ви ја скрши вратата, па дури и да ве повреди.
Велосипедистот не може да знае дека возачот ќе излезе од автомобилот во истиот момент, а возачот генерално не гледа што се случува на улицата зад него, туку автоматски ја отвора вратата. Ова се секунди што можат да значат живот.
Отворањето на вратата со десната рака го принудува возачот да го сврти горниот дел од телото наназад, кога многу поголем дел од патот е во неговото видно поле.
Оваа „постапка“ е многу честа појава во Холандија, каде возачите се многу повнимателни и почесто ја користат десната рака. Затоа отворањето на вратата со десната рака се нарекува „холандски дофат“.