Вработените на ЕВН во Куманово ги напуштија работните места

Сподели со своите пријатели

Вработените на Корисничкиот енерго-центар на ЕВН во Куманово ги напуштија своите работни места поради загрозена безбедност.

Loading...

Ова се случи откако мештани на липковското село Оризари им влегоа во просториите со барања компанијата да им пушти струја.

– Вработените на КЕЦ Куманово ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа.  Се до создавање на нормални услови за работа, Корисничкиот енерго центар на ЕВН – Куманово нема да работи, велат од ЕВН.

Инаку селото Оризари заедно со низа други села од липковско вчера останаа без струја откако мештани на Слупчане ги искршија трафостаниците во селото не дозволувајќи екипи на ЕВН да работат во селото.

Никола Ивановски