Шеесетгодишник вработен во музичкото училиште во Куманово бил пријавен дека вознемирувал малолетничка од липковско.
– На 24.02.2026 во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(60) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него.
– Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

