Вработен во „Чистота и зеленило“ претепан на депонијата Краста

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, вчеравечер бил претепан од три лица на градската депонија „Краста“.

– На 20.02.2022 во 16:15 часот во СВР Куманово, Г.П. – вработен во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, пријавил дека на Градска депонија „Краста“ неговиот колега Д.М.(46) од Куманово бил физички нападнат од М.Џ. (22), С.Џ. (51) и Н.Џ. (50) со тврд и метален предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски