Повеќе од 130 луѓе, меѓу кои и многу деца, се повредени во страшната експлозија на периферијата на Кар во близина на границата со Авганистан.
На снимката се гледа како луѓето го слушаат говорникот додека веат знамиња за поддршка пред митингот да биде прекинат од застрашувачка експлозија.
Началникот на локалната полиција Ахтар Хајат изјави дека експлозијата била предизвикана од бомбаш самоубиец.
Некои од повредените се пренесени во главната градска болница каде е прогласена вонредна состојба, додека други со воени хеликоптери се префрлени во болниците во Пешавар.
Меѓу загинатите во експлозијата е и локалниот лидер на партијата, пишува Daily Mail.
На територијата на Пакистан зачестија нападите на исламистичките милитанти, но повеќето од последните напади беа насочени кон безбедносните сили, а не кон политички собири.ж
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Низ Пакистан се организираат собири пред претстојните избори, кои ќе се одржат во октомври, објави Курир.
An Update🚨⚡
Exclusive Video Of Explosion 💥💥 In Bajaur, Pakistan🇵🇰
As per Current Report there are at least 60 dead and over 250 injured in today’s bombing in Bajaur, Pakistan🇵🇰 https://t.co/GmBBClJgpi pic.twitter.com/OgBlf7DSE3
— Izlamic Terrorist (@raviagrawal3) July 30, 2023