Еден маж, познат како Сијарифудин (41) се капел со своите пријатели во реката кога огромен крокодил го нападнал и повлекол во вода во индонезискиот град Берау.
Очајните роднини го пребарале подрачјето, но не успеале да го пронајдат. Не успеала ниту полицијата, па претпоставиле дека крокодилот го повлекол во длабочините на реката Лемпака.
Мештаните потоа повикале врачар кој фрлил некаква магија за да Сијарифудин се врати жив. Неверојатно, но неговото тело се појавило утредента. Крокодилот бил снимен како се движи кон брегот со телото во заби, а луѓе се собрале исплашени од призорот. Тогаш само го испуштил безживотното, но цело тело од забите, што ги навело мештаните да заклучат дека коркодилот кој може да нарасте 5,2 метри, всушност ја чувал жртвата од останатите предатори.
Мештатинот Ет рекол дека постои мит кој тврди дека сите кои се капат во облека во реката се неповреднеи, но оние кои се капат голи ќе ги нападне крокодил.
Сијарифудин е пронајден мртов со повреди на десната страна на ребрата. Полицискиот инпектор Талисајан Фајсал Хамид рекол дека најважно е што телото е пронајдено, а мештаните сега се во лов по крокодилот.
https://youtu.be/a1a4lW8NS_U
Loading...