Вознемирувачки снимки од израелски напади на болница: Едно лице загина, многумина се ранети

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина, а голем број се ранети во напад на израелската војска обвинета за геноцид врз болницата Насер во градот Кан Јунис во окупираниот Појас Газа.

Loading...

Во вестите на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, беше наведено дека еден Палестинец е убиен, а неколку други се ранети во напад на израелските сили врз одделот за ортопедија на болницата Насер во Кан Јунис.

 

 

Наведено е дека израелските сили насилно протерале некои лекари и медицински лица, како и дел од раселените Палестинци од болницата Насер.

Тие побараа од нив да одат во Рафа, но по пат приведоа десетици Палестинци.

 

Loading...

 

 

Болницата Насер веќе 25 дена е под опсада на израелските сили.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцидот.

 

 

Loading...

 

Во нападите врз Појасот Газа од страна на Израел, обвинет за геноцид, на 7 октомври загинаа 28.576 Палестинци, а 68.291 беа повредени.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.