Жена од Скопје е тешко повредена, откако со својот автомобил викендов излетала кај кумановско Агино село од автопатот Куманово – Скопје.
Loading...
– На 12.10.2024 околу 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во с.Агино Село, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, М.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски