Според последниот извештај на Авто мото сојузот на Македонија утринава од 04:45 часот на Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.
Во прекин е и сообраќајот на регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег. Од ноќеска од 02.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Катланово-Велес и обратно. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Ѓавато ,Буково, К.Паланка –граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово – Велес и обратно.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за sообраќај само за патнички возила по една коловозна лента, откако во текот на ноќта околу 200 граѓани останаа завеани на автопатот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на „Македонија Пат“.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница -Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево -Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од АМСМ потесетуваат на зодилжителната обврска за носење зимска опрема, за чие непочитување се изрекува казна во износ од 45 евра во денарска противвреднсот.
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО!