Министерството за животна средина и просторно ппланирање вчера ги достави предлозите до Владата на Република Македонија за намалување на загадувањето.
Се предлага изменет сообраќаен режим, односно возење пар-непар, а на локалните самоуправи да им се намали 50% од употребата на расположливиот возен парк.
Истражувањето на Финскиот метеоролошки институт покажале дека најмногу загадуваат домаќинствата кои се греат на дрва. Препорачаа Владата итно да го субвенционира греењето, дали на палети, дали со гасификација, дали со парно.
Граѓаните пак револтирани што иако платиле регистрација за цела година, ќе можат да возат секој втор ден.