Педесетгодишен штипјанец бил приведен во Куманово утринава откако било констатирано дека управува моторно возило со фалсификувана исправа.
– На 14.12.2021 година во 10.05 часот во с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50) од Штип, информираат од кумановската полиција.
Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово при преглед и извршена сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „Фолксваген“ со штипски регистарски ознаки со фалсификувана возачка дозвола.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски