Возел со брзина поголема од 300 км/ч, го снимила камерата, но поради новиот договор нема да плати казна

Сподели со своите пријатели

Иако камерата за брзина го снимила како вози со брзина од  306 км/х , Белгиецот кој го направил овој прекршок минатата година на E313 во близина на општината Лиеж во Битсинген нема да биде казнет.

Loading...

Имено, мобилната камера за брзина не е одобрена за брзини поголеми од 300 km/h, пишува Revija HAK. Станува збор за мобилна камера за контрола на брзината, која била поставена покрај автопатот.

 

 

Камерата во октомври минатата година утврдила дека мажот поминува со брзина од 306 км/ч и го регистрирала прекршителот, но како што сега е познато, возачот сепак нема да добие казна.

Тоа е затоа што правилата за камери во Белгија се пропишани со таканаречен кралски декрет и максималната брзина за типот за кој станува збор е поставена на 300 km/h. Ништо над тоа нема да биде снимено.