Лице од Скопје викендов било приведено викендов откако на автопатот Куманово – Скопје предизвикало сообраќајка меѓу 5 возила.
Loading...
Во сообраќајките нема повредени, но било утврдено дека возачот управувал со возилото со 1,58 промили алкохол во крвта.
– На автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота“ предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, „при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта“.
Никола Ивановски