Дваесет и петгодишник од кумановското село Сопот бил приведен, а неговото возило одземено, откако било утврдено дека вози без положен испит.
– На 15.02.2026 во 10:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Х.Х.(25) од село Сопот, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „тико“, управувано од Х.Х. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.
– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

